Гулабот во кафез

“Ние се покажавме како генерација која е неспособна да зачува државата …Сите ние!

Некоја следна ќе ја врати, сигурен сум.

Јас ја врежав Македонија во моите три сонца а тоа не се брише. Ти?“

Овие зборови На Игор Дурловски  заедно со останатите сто илјадници кои секојдневно 75 дена маршираа за Македонија, одекнуваа громогласно, но кај оние останатите кај оние нечесните, кај оние кои не ја разбраа суштината или не сакаа да ја видат, кај  трговците на души овие пораки за заедништво и зачувување на унитарноста  влеаа страв. Тој нивен страв ги доведе да го отпочнат повторното поробување на Македонија. Овој пат на мета беа носителите на мирот и обединувањето како Дурловски.

Гулабот како симбол на мирот, слободата, и  обединувањето.   Токму таа слобода за која што Дурловски вратен од Миланските скали маршираше секојдневно 75 денови ја пееше Македонската химна за заедничка, обедината Македонија. Маршираа за заедништво,  маршираа за сплотување на сите кои живеат под ова небо. За обединување и подавање на рака без разлика на етничката, верската и националната припадност. Но гулабот во словенската народна митологија неговото пеење всушност има значење и на клетва.  Клетва  која што ни ја  оставија нашите претци, мноштвото  генерациите пред нас кои ги положија своите животи за нас за да ги уживаме плодовите на слободата мирот соживотот. Но и да го зачуваме ова парче земја слободно суверено и независно.

Дурловски со неговите магични интерпретации на музиката е забележан уште од неговото деби во 1999 година. Од тогаш тој станува миленик на својата матична публика во Македонија, која безрезервно го наградува гласот кој со големина и карактер го изведува белканто репертоарот на Гаетано Доницети, Винченцо Белини, Џоакино Росини, лириката и драматиката на Џакомо Пучини, како и херојските улоги од рускиот и францускиот репертоар.

Животниот пат на Игор Дурловски и Ана не секогаш беше под рефлекторите и дијамантските светла кои содржат соѕвездијата од други галаксии. Не секогаш го сочинуваа само гала вечери и дружби со престижните елите, во елегантни костуми и префинети тоалети, аристократски велветни театарски фотелји и кашмир навезени фустани, скапи и префинети вина и шампањ.

Нивниот животен пат е прекриен со многу камена и трња многу не преспиени ноќи падови пот и солзи. Многу Студ во ладната и аристократска Виена кога заминуваат со Ана Во 2000та година Во Австрија за да го преживеат студот се возат во трамвај секогаш среќни кога ќе го најдат слободното место од каде што најмногу дува топлина и се возат подолго за да го преживеат студот.

Тие двајца не се салонски деца, не добија се на тацна, туку низ многубројните животни ситуации како и на мноштвото уметници со последните пари купуваат билет само за во еден правец за да стигнат на последната аудиција во Австрија на  Ана каде што би имала можност да добие ангажман да влезе во хор.

Токму таа карта е и момент на пресвртница во нивниот живот да бидат светски познати и почитувани какви што се денес. Да ја претставуваат гордо сопствената земја и да бидат нејзини најголеми промотори. Од љубов кон сопствената земја и желба нивните деца да растат таму кај сто припаѓаат, таму каде што има најмногу топли денови и сонцето најмногу грее, тие се враќаат повторно да живеат во Македонија.

Покрај настапите низ светот Игор Дурловски ја прифаќа и улогата како генерален директор на Македонска опера и балет да ја менаџира најголемата национална институција. Ангажманот како ген. директор на МОБ од ангажманот кој што би го имал како пејач е многу поголем и бара поголема работа а финансискиот дел е толку мал да за него биде предизвик.  Како што вели и самиот предизвик за него е застанувањето на чело на институцијата да ги направи работите подобри заедно со неговите 440 вработени.  Дурловски успева и во тоа за само една година направи многу нови  и современи претстави премиери спектакли. Се ангажира и да направи нешто подобро и поинакво како македонскиот проект мјузиклот тајно моја во чест на Тоше Проевски. За прв пат по подолго време интересот е огромен картите во МОБ се распродадени 3 месеци порано од претставата. Овој проект е огромен во секоја смисла и покрај Македонија треба да се прикажува во Белград Заграб Љубљана. За јануари се подготвуваше Западно Европска турнеа која ќе биде за иселениците од Балканот а треба да почне од Стокхолм, Берлин, Минхен, Виена и ќе заврши Цирих. Ова беа неговите најголеми гревови, што и даде нов изглед и репертоар на МОБ како и шанса на многу млади уметници да ги направат првите чекори кон славата.

Но, од оваа перспектива денес, Дурловски веројатно нема да е дел од ова претставување на нашата земја низ Западна Европа. Ако се прашувате зошто ? Бидејќи е уапсен како и многумина други кои како него ја издигнувале Македонија. Тоа е клетвата и гревот да се биде Македонец, како и многу други големи актери, величествени умови, интелектуалци и уметници.

Да бидеш Македонец значи да имаш генетски код и ментална матрица во која е запишана целата колективна меморија и аманет од нашите предци.  Игор Дурловски пеејќи ја гордо Химната на Република Македонија заедно со останатите по улиците низ земјата сакаше само да биде дел од оние Македонци кои еден ден кога ќе се свртат наназад ќе можат гордо да кажат дека тие бил дел  од таа генерација која не потклекна и која одлучи Македонија да оди напред, да биде дел од генерацијата која верува во Македонија.