Голем интерес на граѓаните на Штип за посетата на Игор Јанушев во нивниот град!

 

Игор Јанушев, како носител на листата на ВМРО- ДПМНЕ и Коалицијата „За Обнова на Македонија “ денес оствари средба со граѓаните на Штип, при неговата посета го посети градскиот пазар во Штип. Интересот на граѓаните за посетата на носителот на ИЕ3, Јанушев беше огромна и при прошетката покрај кејот на реката во централното подрачје во Штип.

При посетата на Игор Јанушев голем број на млади од унијата на млади сили му презентираа веќе готови проекти кои чекаат на реализација.

Игор Јанушев кажа дека луѓето се уморни од сите сивила што ги донесе СДСМ и се подготвени за промена при што потенцираше дека граѓаните добро ја препознаат понудата на ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата „За обнова на Македонија“.

„Но она исто така што е многу битно е за градот Штип поврзувањето и конечно завршувањето на експресните односно патиштата кои што го поврзуваат Штип, дали е тоа со Кочани дали е тоа со останатите градови кои што во целиот овој период и повеќе години буквално ништо не направија“, истакна Јанушев.

На крајот од својата посета Јанушев гостуваше во Телевизија Ирис и Телевизија Стар.