Две во едно: Телефон и таблет – Најава на иден нов комерцијален успех на Самсунг

Самсунг веќе неколку недели го најавува својот склоплив паметен телефон, а сега компанијата за прв пат го претстави вчера, за време на својата развојна конференција.  Самсунг ја демонстрираше технологијата за преклопување на телефонот на Infinity Flex дисплејот, а самиот телефон има екран со големина на таблет кој може да се преклопи за да се вклопи во џеб со димензии на обичен смарт телефон.

Самсунг демонстрираше „преправен“ уред за време на инвеститорската развојна конференција и ги затемни светлата во салата за да ги заштити елементите на дизајнот.