Две години „Северномакедонци“

Прашање: Колку долго е потребно да се создаде навика како да му се обраќате на некого или да викате нешто? Студија на Европскиот журнал за општествена психологија од 2009 година покажува дека се потребни „од 18 до 254 дена за едно лице да создаде навика на именување“.

Не сум сигурен дали ако некого или нешто нарекувате постојано со истото име, тоа може да се смета за навика, но мислам дека е корисно да го сметаме така за оваа колумна бидејќи ако повторуваме некое име или нешто, повторувањето создава навика и таа понатаму ќе диктира како да го нарекуваме тоа нешто. Ќе стане тешко да се одвикнеме од навиката.

Во изминатите две години, почнувајќи од април 2019 година, водам список на примери во кои главно медиуми, потоа истакнати јавни личности кои се на позиција на моќ, ги нарекуваат Македонците „Северномакедонци“, или пак нешта што се „македонски“ ги нарекуваат „северномакедонски“. Листата ја составив главно користејќи исечоци од медиумски текстови и колумни кои ги наоѓам на социјалните мрежи; понекогаш вршам гугл пребарување за Македонија и ќе проверам како земјата се нарекува. Притоа главно гледам вести на англиски јазик, што значи дека сигурно пропуштам доста случаи во кои се користи „северномакедонски“.

Но, искрено, тоа што го најдов е шокантно. Секоја недела ја обновувам оваа листа, на местото на страницата Медиум каде што првпат ја објавив. Можете да ја разгледате тука (ќе ви требаат околу 20 минути). Засега, погледнете само мал избор од овие примери – како светот ве нарекува вас Македонците – и придавки за македонски нешта.

На листата ги има следниве пример:

„…иднината на северномакедонските Албанци…“

А2 (дел од мрежата на CNN), 3 април 2021

„…дисциплинираните Северномакедонци…“

Reuters,31 април 2021

„…северномакедонскиот национален тим…“

Sportex360.com, 30 март 2021

„…Северномакедонскиот претседател Стево Пендаровски…“

Твит на командата на НАТО во Неапол од 27 март 2021

„…на северномакедонската армија.“

Overt Defense, 11 март 2021

„…северномакедонскиот премиер Зоран Заев…“

RFE/RL, 14 февруари 2021

„Северномакедонскиот министер за здравство Венко Филипче…“

Greek City Times, 19 декември 2020

„Северномакедонските Евреи“ (наслов)

European Jewish Congress, 11 декември 2020

„Северномакедонските војници…“

Италијанскиот амбасадор во Косово Никола Орландо во твит од 2 ноември 2020

„Северномакедонскиот министер за надворешни работи Бујар Османи…“

Balkaneu.com, 16 ноември 2020

Мене лично „омилени“ ми се бројните примери, во кои еден извбор – во случајот Атланскиот Совет, ја користи придавката „северномакедонски“ за да опише бројни македонски именки.

„…разните северномакедонски медиуми..“

„…други северномакедонски медиуми…“

„…северномакедонската медиумска сцена…“

„…северномакедонските Фејсбук страници…“

„…северномакедонската компанија…“

„…три северномакедонски медиумски компании…“

„…79-годишен Северномакедонец…“

„…северномакедонскиот телефонски број…“

„…10 северномакедонски медиуми…“

„…северномакедонската јавност…“

Atlantic Council, DFRLab, 25 јуни 2020

Повторувам, мојата листа содржи примери кои ги најдов едноставно при моето секојдневно разгледување на вестите. Замислете колку други вакви примери имам пропуштено. Ве повикувам да го разгледате списокот – би требало да ве разгневи.

Целта ми е да покажам дека Зоран Заев и Никола Димитров – кои се главните виновници за сето ова – можат по цел ден да инсистираат дека „ние сме Македонци“ и дека имаме право да ја користиме придавката „македонски“. И ќе бидат во право. Но, реалноста е сосем поинаква. Поради нивните катастрофални политики и постапки – голем дел од нив криминални по својот карактер ако мене ме прашате – светот се почесто Македонците ги нарекува „Северномакедонци“.

Не сум сигурен дали беа свесни што ќе се случи кога трчаа да ги раздадат македонското име, идентитет, култура, традиција и историја, но не е ни важно – тука сме каде што сме и ова е реалноста во која живееме. Има многу причини зошто овие ликови не треба веќе да се на власт, а оваа листа треба да е меѓу првите.

пишува:

Џејсон Мико