Дизелот поскапе за 15 денари во споредба со јануари 2016-та, Владата го поскапува за дополнителни 3,5 денари

За само 20 месеци, цената на дизелот се зголеми за цели 15 денари. Дополнително, од јануари со зголемувањето на акцизата со владината одлука, дизелот ќе поскапе за дополнителни 3,5 денари.

Во јануари 2016-та година, литар дизел се точеше по 39 денари на бензинските пумпи. Дваесет месеци подоцна, односно ноември 2017-та, цената на дизел горивото изнесува 54 денари, согласно цените кои денеска ги објави  РКЕ.

Во јануари 2016-та година, РКЕ соопшти дека новата цена на Еуросупер – 95 од се намалува на 57 и пол денари. Еуросупер – 98 се продаваше за 59 и пол денари за литар, додека Дизелот чилеше 39 денари за литар.

РКЕ денеска соопшти дека малопродажната цена на бензинот ЕУРОСУПЕР БС-95 од полноќ се зголемува за 2,50 денари, на ЕУРОСУПЕР БС-98 за три, а на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) и на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) за два денара од литари.

Новата цена на ЕУРОСУПЕР БС-95 ќе изнесува 66,50 денари, а  литар ЕУРОСУПЕР БС-98 ќе чини 68,50 денари. ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) ќе се продава за 54,00 денари