Така, Министерството за внатрешни работи на тогашна Демократска Федерална Македонија, на 14 јуни 1945 година, напишало допис со кој било дозволено „да се отвори границата за сите што доаѓаат за празникот во манастирот“, со што им било овозможено на верниците од Албанија да присуствуваат на манастирската слава.

– Благодарение на чудата кои се случувале по молитвите на св. Наум, неговиот манастир стекнал голема популарност. Првобитно, манастирската слава била само на денот на неговата смрт (23 декември, т.е. 5 јануари според новиот стил), но на 5 мај 1720 година, архиепископскиот совет во Охрид решил дасе празнува и на 20 јуни (3 јули по новиот календар). Причината за тоа била наведена во посланието на архиепископот Јосиф од 21 мај 1740 година, во кое се вели дека поместувањето било направено поради зимските услови, како и поклопувањето со прославата на Божик, а и големата посетеност на манастирот во летниот период, појаснуваат од ПравославиеМк.