Демократи + реформисти + статутари = ПУЧИСТИ

Во предвечерието на најголемиот празник на македонскиот народ ИЛИНДЕН, една малубројна и безначајна секта која се замислува ВМРО се обидува да ни го расипе нашето празнично расположение и доследно одавање почит кон овој грандиозен чин.

Нема да успеете. Нема, затоа што вашите постапки се  антицивилизациски, антидемократски, неетички и вулгарни.

Најважно, не сте вмровци. Од основањето на ВМРО до денес и до века во организацијата, денес партијата, царуваат два основни принципи врз кои се темели безвременоста наша.

Прво: Вмровците не се плачковци.

Вие, пучистите цел живот плачете, а единствено се радувате правопропорционално споредено со вашите заслуги за уништување на партијата и татковината.

За разлика од вас, вистинскиот вмровец може само еднаш да заплаче, тогаш кога ќе гледа како Македонија ја подјадувате вие и вашите спонзори. Тие солзи, за среќа по Македонија, не се за крај, туку за нов почеток во борбата за конечно сотрување на предавниците, а потоа и душманите.

Второто, најважно правило за секој вмровец е: “Ноќе затвори ја вратата, дење затвори ја устата.“

Вие клетници ноќе ширум ги отворате портите примајќи домашни и белосветски мешетари кои дебело ве плаќаат за утрината да ги отворите и вашите усти и да лаете и што е и што не е.

Портите што вие во глуво, ѓаолско време им ги отворате се од нашата дома, нашата куќа која се вика ако не знаете Македонија, а вашите отворени усти дење се неблагодарен кучешки лавежи против својот стопан кој ако и ова не го знаете се вика македонски народ.

Гледам деновиве едно гладно, незаситно, неверно куче лае дека ќе ја ПРЕВЗЕМАЛ ВМРО ДПМНЕ. Кој си ти бе ќелеш еден да ја преземаш душата на чесните македонски патриоти. Како смееш така да нé навредуваш сите членови и симпатизери на партијата небаре сме твоја сопственост или сме акции на берза или можеби сме за тебе стока а ти џамбаз измамник кој евтино ќе нé купи. Ние сме сопственост единствено на Република Македонија. Што си ти, високо професионална салонска ороспија, та со своите женски курвински чари ќе го заведеш нашиот татко ВМРО, кој е во 128 годишен брак со нашата мајка Македонија. Тие се заветени на вечен брак и заеднички, сложно да се грижат за сопствените деца, горди чеда Македонци, кои за возврат им подаруваат вечна љубов.

Од кога сте во Партијата, плачете, лаете, викате, се претставувате демократи, реформатори, статутарци, лажно, за да на крај да го покажете своето право лице, пучисти. Насилници кои не почитуваат ни статут, ни ред, ни поредок. Баравте демократски статут, еве ви го, го имате. Повелете на избори по ваш терк, пријавете се. Базата нека избира. Се плашете. Со право. Ни глас нема да добиете. Добро знаете што ве чека, затоа се разбудивте тешки хибернатори. Се работи лично за вас, ве заболе за реформи, за демократија, за статут.

Овој нов статут да беше на снага до сега вие нема ни да се доближевте до дворовите на месните комитети на ВМРО ДПМНЕ, а не со вашите сомнителни вредности и комплетна анти-вмровска припадност да се искачите толку високо, што станавте недопирливи за нашите чесни членови кои немаат за патики од пазар да им купат децата, ама своите срца и души не ги продаваат за никакви пари.

Се грозевте од нивната евтина класична македонска руба, да не ги извалкаат вашите брендирани гардероби, копуци едни.

Бргу се адаптиравте, се навикнавте на нов стандард, заборавивте од кај произлегувате, се срамете од своите родители и предци, не ги признавате вашите некогашни другари и пријатели со кои заедно јадевте леб. Тешко ви е. Ви треба ВМРО ДПМНЕ за да продолжете раскошно да живеете. Ве заболе вас за Македонија и за македонскиот народ, за состојбите во ВМРО ДПМНЕ.

Да си во ВМРО ДПМНЕ треба да даваш, ако сакаш да земаш, барајте друга средина, овде за вас е многу студено. Ќе се смрзнете.

А, нас секогаш ни е топло. Македонија е нашата куќа во која има место за сите, па и за вас непрокопцаните. Мајка ни е на сите затоа и ви проштева, само се прашувам до кога. Неможе вечно, ако вие ги убиете вашите родители ќе нема кој да ви прости. А на тој пат сте.

Христијан Мицкоски , лидер со сите нишани, партијата која ја предводи ВМРО ДПМНЕ, прочистена седум пати како благородно сребро, заедно со своите верните членови се седум неосвоиви тврдини кои ги штитат и бранат ВМРО ДПМНЕ и Македонија. Не се обидувајте, не сте достојни да бидете дури ни предавници, а не противници.

НАРОДОТ СО ИЛИНДЕН! ИЛИНДЕН ВО НАРОДОТ! ВЕЧЕН ИЛИНДЕН! ВЕЧНА МАКЕДОНИЈА!

пишува: Ламбе Арнаудов