ДЕМАНТ од здружението Илинденски коњички марш Горно Лисиче

Во врска со синоќешниот инцидент на Гумења во Крушево, здружението илинденски коњички марш од Горно Лисиче најостро ги осудува лагите и клеветите кои беа посочени према коњаницата дека нејзините членови нападнале Крушевчанец. Само за ваша информација вчера не беше удостоена од страна на Општинските власти и се бараше изговор за грешката на домакините. Коњаните кои со денови патуваа кон Крушево за големиот празник на Република Македонија 2 Август, со гордост го пренесуваат патгриотскиот дух за непокор и обединетост на народот а не поддржуваме никакви насилства.

Се вели во соопштението на коњаничкото здружение.