Дали си ТИ подготвен да се откажеш од Македонија?

Едноставна, а сепак важна вистина е дека македонскиот народ постои. Живееме во 2018 година и македонскиот народ постои. Не само што постои народот, туку постои и македонскиот идентитет, а Македонци можете да сретнете насекаде низ светот. Македонскиот јазик постои, се зборува, на него се пее, се пишува и се учи насекаде низ светот. Македонската православна црква постои, како што постои и македонската култура, и двете се широко распространети. Колку долго постоела оваа култура? Тоа е предмет на дискусија, но самото прашање и не е толку важно. Не е важно тука и сега, во 2018 година. Не е важно во време кога на се што е македонско му се заканува уништување.

Дали си ТИ подготвен да се откажеш од Македонија? Ако си граѓанин на Република Македонија или Македонец кој живее надвор од Републиката, но имаш глас, дали ќе го кренеш за да ја спасиш Македонија? Или ќе дозволиш да ја загубиме Македонија? Дали разбираш дека промената на името на Македонија суштински го менува и ТВОЈОТ идентитет како Македонец? Дали разбираш дека промената на името ќе се однесува на се што тебе ти е драго и што го носи името „македонско“? Дали си подготвен да ја платиш таа цена?

Македонската влада и многу странски претставници од САД, ЕУ и НАТО инсистираат дека доколку Македонија не постигне договор со Грција веднаш, тогаш ќе се биде загубено. Дали веруваш во тоа? Навистина? Дали навистина веруваш дека не постои никаква алтернатива? Дали мислиш дека, како што ни тврдеа по грчкото вето во 2008 година, Македонија ќе има мрачна судбина надвор од ЕУ и НАТО? Ако навистина веруваш во тоа, како тогаш го објаснуваш фактот дека во изминатите десет години, по ветото од Букурешт, Македонија не само што опстои туку и напредуваше во многу погледи? Дали е тогаш лага тврдењето дека Македонија надвор од ЕУ и НАТО ќе се соочи со мрачна иднина? Нели е можно Македонија да постои и да просперира иако не е членка на ЕУ и НАТО, кога гледаме дека тоа им успева на многу држави низ светот? Или веруваш дека постои само еден пат напред за Македонија кој ќе овозможи земјата да продолжи да постои, а тоа е во НАТО и во ЕУ? Нели е тоа премногу едноставно размислување? Нели секогаш постои и друг пат кој може да се проба? Не сакаш ли да ги истражиш овие други патишта, кои ќе и дозволат на Македонија да го зачува своето име и идентитет?

Ако си родител, твоите деца растеле како Македонци. Дали си подготвен да им кажеш дека сега веќе не се Македонци? Дали си спремен да им кажеш – или да ги поттикнеш – да прифатат друг идентитет? Бидејќи кога ќе го смениш името, ќе се смени и твојот идентитет, а Грците и меѓународната заедница ќе работат на тоа да ве убедат и вас и остатокот на светот да се прифати новиот идентитет. Некои во Македонија исто така ќе се обидат да го наметнат новиот идентитет. Па, дозволи ми те прашам уште еднаш: дали си подготвен да им кажеш на своите деца дека се досега било лага, дека никогаш не ни биле Македонци?

Ако си дедо или баба, твоите внуци растат како Македонци. Дали смееш да им кажеш дека веќе не се Македонци? Дали си подготвен да им кажеш – да ги поттикнеш – да прифатат нов идентитет? Со промената на името ќе се смени и твојот идентитет, а Грците и меѓународната заедница ќе работат на тоа да ве убедат и вас и остатокот на светот да се прифати новиот идентитет. Некои во Македонија исто така ќе се обидат да го наметнат новиот идентитет. Затоа, ве прашувам, баби и дедовци, дали сте подготвени да им кажете на своите деца дека се досега било лага, дека никогаш не ни биле Македонци?

Дали си подготвен твојот јазик да се нарекува нешто друго, а не македонски? Дали си подготвен да му кажеш на светот дека јазикот што го зборуваш веќе не се вика македонски? Дали сакаш да зборуваш, пишуваш, пееш, учиш на јазик кој не се вика македонски? Овие прашања мора да се разгледаат во однос на се што го носи македонското име – Македонската православна црква, македонската култура, се што е македонско. Дали си ТИ подготвен и спремен да го дозволиш ова? Навистина си?

Ова се прашањата кои треба да си ги поставиме самите на себеси, како и на сите политички партии во Македонија. Да ги прашаме граѓанските организации, новинарите, професорите, бизнис заедницата, верските институции, меѓународните претставници во Македонија… Но, мораме да почнеме од самите себеси и од своите семејства. Дали си ТИ подготвен да се откажеш од Македонија?

пишува за свест.мк: Џејсон Мико

________________________________________________________________________________________________________ Превземањето на содржините на СВЕСТ.мк е дозволено доколку се наведе изворот со линк од веб порталот или статијата која е превземена. Доколку тоа не е направено, секое неовластено објавување на содржина, видео или текст од веб порталот, ќе Ве чини 15.000 денари (петнаесет илјади денари) без пресметан ДДВ за секое едно објавување на содржина, видео или текст.

7 thoughts on “Дали си ТИ подготвен да се откажеш од Македонија?

  • Pingback:Мико: Дали си ТИ подготвен да се откажеш од Македонија? - Expres.mk

  • 09.02.2018 at 11:43
    Permalink

    Се разбира – НЕ ! Едно големо – НЕ ! Илјада пати – НЕ ! Стоп за сите политики против Македонија и македонскиот народ и сите негови обележја !

    Reply
  • Pingback:Мико: Дали си ТИ подготвен да се откажеш од Македонија?

  • 10.02.2018 at 01:26
    Permalink

    НИКОГАШ ВО МОЈОТ ЖИВОТ.

    Reply
  • Pingback:Џејсон Мико: Дали си ТИ подготвен да се откажеш од Македонија? - Media24

  • 10.02.2018 at 17:59
    Permalink

    Nikako i nikogas!!!Nikoj nema pravo da trguva i odlucuva za nacionalniot identitet!!

    Reply
  • 14.02.2018 at 09:11
    Permalink

    Makedonija e nasa zemja i ke bide taka.No nasite politicari ,posebno Zoran Zaev so negovite parlamentarci koi se so usijani glavi,steta golema sto se vodat kako politicari,no neznaat kade go vodat narodot.Dali barem malku se zamislile od kade go vodat potekloto,kade se rodeni,kade rastele i kade se skoluvale?Ne, toa se samo nivni fantazii vo nivnite usijani glavi ,koi se borat za fotelja i za poveke pari.Niv ne gi interesira kako zivee narodot,dali imaat da jadat,dali imaat rabota?Na niv im e vazno samo da go smenat imeto na Makedonija i da potkleknat na baranjata na Grcija da se smeni ustavot .Kako najvazno po moe ,ne sum nitu politicar,obicen graganin,no me zasega zatoa sto sum go pominala mojot cel zivot ovde i sega da bideme primorani da bideme izbrisani od istorijata deka sme od Makedonija i sme Makedonci? Ne ,toa pravo go nema nitu edna druga drzava,sekoja drzava neka si vodi griza za nivnata zemja i narod.Dali se svesni Grcite sto sakaat da napravat?Dali znaat do kade bila Makedonija i kolku golema bila?Kakva slicnost imaat Grcite so nasioot jazik,totalno nikakva.Zosto sega po tolku vekovi postoenje da ni go izbrisat imeto na nasata zemja ,za koja se borele nasite roditeli,dedovci i sega seto toa so krv steknato da se izgubi za nekoi usijani glavi ,sto i samite neznaat sto sakaat.Nemozam da razberam zosto se slucuva seto ova,na kogo mu smeta toa sto sme .Nie sme Makedonci i toe ke bideme ,a nasata maticna drzava e:MAKEDONIJA.Dali im e malku toa sto za vreme na Vtorata Svetska vojna ja podelija i sega i toa sto ostana da ni go zemat?Edinstvena zemja koja ni e najgolema podrska e Hrvatska a i Srbija zatoa sto ja kazuvaat vistinata.Nasiot izmacen narod nema veke na kogo da veruva i ziveeme vo neizvesnost sto ne ocekuva vo naredniot den ili nok.Kako moze vo edna zenja da postojat dva glavni jazici i da se koristat vo parlamentot?Toa nikade vo svetot ne postoi,no Zoran Zaev zaedno so negovite parlamentarci ja prodadoa Makedonija.Se znae koj jazik se zboruva vo Makedonija ,toa e makedonski ,a drugite nacionalnosti imaat svoi ucilista,sekade za niv vratite se otvorenii poveke se zaposluvaat tie,otkolku Makedoncite.Toa go kazuvam zatoa sto e ziva vistina.Primeri ima mnogu,kako vo USA glaven jazik e angliski iako kako vtor e spanski,no nikade ne se koristi,osobeno vo parklamentot i kongresot.No golemite zemji sakaat da mesaat prsti sekade,sto ne e pravilno da edna drzava bide izbrisana kako da ne postoela nikogas.Makedonija postoela i se spomenuva i vo Biblijata,Makedonija so Filip II i Aleksandar Makedonski stignale do Azija i seto toa postoi vo Arhivot ne samo vo Makedonija,tuku i vo drugi drzavi.Zosto Grcija saka da go smeni imeto,da ni go smeni ustavot i da go izbrise jazikot koj postoi so vekovi?Dali e toa pravo?Koj ima pravo da se mesa vo druga drzava i da i menuva se sto bilo so vekovi zdobieno i plateno so krv?Nema pravo nikoj toa da ni go nametnuva.Zosto site nasi mladi zaminuvaat od Makedonija za korka leb vo drugi drzavi,zatoa sto Zaev gi zaposluva negovite rodnini i prijateli i site negovi kolegi od parlamentot.Kako moze Zaev koj bil vo zatvor i koga trebase da odi pak vo zatvor, da bara da bide amnestiran od pretsedatelot i sega da bide premier? Toa e nesto mnogu strasno da ni ja vodat frzavata kriminalci ,drzavata e korumpirana,ne se znae ni koj jade ,ni koj plaka.Zosto da nema sredna klasa na luge,tuku da ima bogati i premnogu siromasni,da nemaat ni leb da jadat,da nemaat krov nad glava ,a kamolli pak da najdat rabota?Zatoa sto tuka caruva drogata,korupcijata,prostitucijata,se sto e negativno e tuka.Malku treba da se zamislat site.Kako moze Gruevski da odi na sud koga ke go viknat, a Zoran Zaev izbegavase so nikakvi izvinuvanja i sega toj e premier.Za mene toj i negovata klapa se najgolemi lopovi,kriminalci,tie treba da se vo zatvor,a ne da ja vodat drzavata.Kade bea tie koga ne odea na rabota skoro edna godina, a zemaa plata kako da se tuka i sega istoto go pravi iopozicijata.No opozicijata go pravi toa so pravo zatoa sto koga bese Sarenata revolucija i unistuvaa se sto ke im se najde pred niv,a sega se na vlast.Toa ne e vo pravo.
    I Ali Ahmeti koj se borese protiv Makedonija kakvo lice ima da bide vo vladata i da ne go zboruva jazikot sto e oficijalen voMakedonija,makedonski tuku da zboruva albanski.Sum protiv zatoa sto golem broj Albanci nesaakt da go zboruvaat Makedonskiot jazik,a zosto pak nie da go zboruvame i nasite deca da go ucat albanskiot jazik,koga tie se protiv da zboruvaat makedonski.Zosto za Albancite moze da se najde rabota,a za nasite deca nema,zatoa sto se Makedonci?zosto da ne delat site sme od krv i meso,site sme luge.Jas go kazav seto toa sto mi bese vo srceto i dusata.Znam deka e ubavo da se znaat poveke jazici,no ako sakame da ucime sami,a ne pod pritisok.Zosto tolku Zaev ja zadolzuvava drzavata,dali razmisluva koj ke gi vraka tie dolgovi,gi zadolzija i nasite deca,vnucite i pravnucite.Mnogu mi e zal za se sto se slucuva vo nasava zemja i bi sakala da si ostane kako sto e ,bez da se promeni imeto,ustavot i jazikot.Kamo sreka da se otvorat fabrikite sto gi zatvori SDSM i da se zaposlat lugeto,da se vidat poveke srekni,veseli i nasmeani lica,a ne so polni oci solzi i da neznaat kako ke go pominat denot,dali ke imaat da jadat,da se stoplat,i krov nad glava i da se oblecat.Veruvam deka ke se najde nekoj koj ke ja dovede nasava zemja vo red ,pred da se sluci najstrasnoto da ne snema od liceto na zemjata i sami da ne zneaeme od kade sme i koi sme.Mnogu vi blagodaram sto mi dozvolivte do go iskazam moeto nezadovolstvo i da ja iskazam ljubovta kon mojata zemjaMakedonija.NEKA ZIVEE MAKEDONIJA SEGA I ZASEKOGAS!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!

    Reply

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *