Да се обединиме сега! – За Македонија!

Почитувани и сакани мои Македонци: домашните анационални елементи(субјекти) и иностраните недобронамерници, под плаштот на наводните “евроинтеграции“ погазија се што е македонско и не понижија. Нас Македонците и нашата Македонија. Доживеавме премиер на влада да се залага за туѓи, бугарски, интереси, и да ја навредува светлата НОБ/НОВ и антифашистичката борба на македонските партизани и граѓани, против фашисти и окупатори, како што беа, германската и бугарската окупаторска војска. Тие две завојувачки и окупаторски војски беа војски на режимите во Германија и Бугарија. Факт кој не може да го побие никој – здравиот и нездравиот разум, вклучително и “искусниот“ политичар и ноторен непознавач на историјата, настаните, личностите во  контекстот Прва балканска војна, Прва светска војна и Втора светска војна. Тоа беа три војни во кои бугарската војска ТРИ ПАТИ  ја окупираше Македонија. Секојпат таа окупаторска војска поробуваше и  окупираше македонска земја и народ. И  затвораше, измачуваше,  ѕверски убиваше македонски синови и ќерки.

Ги паметиме ѕверските убиства на Ваташките младинци, колежот на невино население во село Јаболчиште, ѕверското убиство на Мучето во Струмица и многу други. Тоа се големи рани на македонските мајки и бол-непробол на македонските татковци за изгубените животи на своите деца. Тоа боли и денес и ќе боли за секогаш.

Да, можно е да сме добри соседи со Бугарија и бугарскиот народ. Ама, првин, како што доликува на модерни и цивилизирани политичари и државници, бугарските државници, ќе се поклонат пред паметниците на жртвите од нивната окупаторска војска од минатото, ќе се извинат и ние ќе простиме. Нема да заборавиме, ама во интерес на добрососедството и иднината, ќе простиме.

Дотогаш: Смрт на фашизмот, слобода на народот.

Сотир Костов