CORONA DANCE НА ЗАЕВ…

Пишува Слободан ТОМИЌ

Каде и да сте, политичарите исти се. Во Македонија и уникатни: ветуваат дека ќе изградат мост и таму каде што нема дол или река. Се разбира, демократијата е разлика во мисла. Но, политичарите зборуваат премногу, слушаат премалку, дури и не размислуваат! За жал, лошите политичари се избираат благодарение на добрите граѓани кои не гласаат.

Во политиката треба да не служи меморијата. Да знаеме како да гласаме, кога  ни ветуваат исти фаци кои целиот мандат ништо не сториле, од тоа што ветиле на претходните избори. Кога сме кај меморијата, заборавивте на Бранко кога од говорница порачуваше дека немал време да стигне до сите жени? Заборавате дека Зоран во прислушкуваните разговори од Александар Верушевски, вели ако не гласа народот за него маме му е..м? Секако Зоран му прости на Верушевски јуниор, затоа што овој најави, дека уште муабети во јавноста ќе следат… Бомби ги донесоа, бомби ќе ги однесат… Како и да е, јавното обвинителство мора да се вмеша, бидејќи има кривично дело!

Имавме афера Големото уво, следеа бомбите против режимот на Груевски, на ред се бомбите на Верушевци. Правило се уште важи: После секоја афера со прислушкувани разговори ја пеат песната “Пада Влада“! Изборите пред нас ќе покажат за кого бијат камбаните, за кого свират гајдите. А, тајфата на Зоран народот го нарече и стока и фекалија и на крај му распали по мајка. Е, ај сега на избори да ве видам? Вредат ли заканите: Компромис правиме до 30 мај, после се применува законот, следат изборите на 21 јуни! А, дали?

Заев заборава дека уредбите со законска сила престануваат да важат со завршувањето на вонредната состојба. Уредбата за изборниот процес донесена од техничарот Спасовски на 21 март, престана да важи уште на 17 април со завршувањето на првата вонредна состојба прогласена на 18 март! Затоа и заканите на Зоки до опозицијата: Или ќе се договориме до 30 мај, до крајот на третата вонредна состојба или од 1 јуни се применува законот, избори ќе има на 21 јуни! Не случајно тоа го вели, затоа што сите знаат, Уставниот суд веќе го потврди истото, уредбите со законска сила важат само за време на вонредната состојба, после тоа престануваат да важат, не предизвикуваат правно дејство!

Невидливиот непријател Корона 19, го клекна светот како никој досега! Зоки посакува да го чека вирусот на избори, во јуни на дваесет и први! Човек да се смееш или да плаче?

Дали Заев не’ извади од изолација со Преспанскиот договор менувајќи го државното име Македонија, или наместо морковот го добивме стапот? Останавме уште по дезориентирани! Но, Заев сега гради стратегијата против корона вирусот која ја нарече “чекич и денс“. Понеписмен премиер здравје.

Брзи избори за време на пандемија е еднакво на камиказа! Упатените велат, избори за време на епидемија е еднакво на убиство на сопствениот народ!

Најголем пријател на вистината е времето, нејзиниот најголем непријател се предрасудите, а нејзин постојан придружник е смирението. Достоинството на човекот е по негов избор. Демократијата подразбира почитување на правилата, дури и кога судија во играта нема!

Но, нам ни преседна демократијата во последните три декади, затоа што прогресира само клептократијата, политичарите клептомани! Секоја чест на исклучоци.

Ако направиме ретроспектива, се сеќавате ли што сторија и што зад себе оставија Киро, Бранко, Хари, Љупчо, Бучко, Грујо, се’ до Зоки? Крадеа, пустеа, народот го сардисаа, во јабана го протераа,  секоја чест на исклучоци,ама за сите до Зоки, заедничкото им беше: Не го променија името на државата Македонија и идентитетот на народот Македонски!

Е, кога дојде Зоки или други го седнаа, тој се’ продаде! Народот тој истиот кој сега ем опсуен од Зоки, ем обезличен по секој основ вели:„Смени име на држава, идентитет на народ, прави нова политичка историја, заушки му мават од сите страни, а тој како шашардисан ја распродава нацијата како да станува збор на Кванташки за ајварот Мамас. Зоки стана камиказа! За него еписибир, но никој не му дал право така да прави со сите во државата Македонија!“

На крајот НАРОДОТ  повторно со став:„Ќе ја преживееме и оваа катарза. Така се калеше челикот, велат приказните на народот! После се’, најверојатно е дека Corona dance во чекан враце и во железни опинци ќе заигра Заев и неговите братја, ама од Шутка до Идризово!„