Борците од “Диво насеље“ биле обични платеници, вели албански публицист

Кастриот Мифтарај, познат албански публицист изјави дека „оние кои војуваа во Куманово не заслужуваат да се наречат херои“.

Вистината можеби боли, но според мое мислење, тие се неколку обични  платеници, кои војуваат за пари.Тие се обидоа да предизвикаат војна меѓу Косово и Македонија, изјави Мифтарај како што пренесува ТВ2.

Според него, казната која им е изречена е многу мала.

Од вкупно 37 обвинети во случајот „Диво насеље“ на 9-10 мај 2015 година, Општинскиот суд 1 во Скопје денес за виновни прогласи 33 лица, а четворица добија ослободителни пресуди.
Во нападите во кумановската населба “Диво насеље“ на 9 и 10 мај 2015 година загинаа 8 припадници на безбедносните сили, а 37 беа повредени.
Околу триесетина членови на терористичката група се предала безусловно на полицијата, а биле пронајдени 14 тела во униформи.

________________________________________________________________________________________________________ Превземањето на содржините на СВЕСТ.мк е дозволено доколку се наведе изворот со линк од веб порталот или статијата која е превземена. Доколку тоа не е направено, секое неовластено објавување на содржина, видео или текст од веб порталот, ќе Ве чини 15.000 денари (петнаесет илјади денари) без пресметан ДДВ за секое едно објавување на содржина, видео или текст.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *