Боинг издаде безбедносно предупредување и упатство за „737 Макс“

По падот на авионот на авионот на „Лион ер“ во Индонезија, на 29-ти Октомври, во кој загинаа сите патници и членови на екипажот, Боинг пред 2 дена издаде безбедносно предупредување за погрешни читања на сензорите на неговиот авион “737 Макс”. Билтенот за оперативни подготовки ги насочува сите авиокомпании кои работат со Boeing 737 Max да ги следат “постојните процедури за летачки екипаж за да одговорат на околностите каде што има погрешно отчитување или нефункционирање од AOA сензор”.

AOA, (Angle Of Attack) или агол на напад, се однесува на аголот на воздушното струење на површината на авионот или неговите крила. И покрај тоа што точната причина за несреќата во моментот е нејасна, истражувачите се сомневаат дека софтверската грешка или погрешно толкување од страна на пилотите може да придонесе за несреќата, пишува The Wall Street Journal. „Можеби е виновен погрешен сензор“ изјавуваат експертите од Боинг.

Според податоците од „црната кутија“ пронајдени во авионот „Боинг 737 Макс 8“, индикаторот АОА не функционирал на последните четири летови. Новиот авион, кој само неколку месеци бил во употреба, е еден од најновите комерцијални авиони на Боинг. Боинг 737 Макс 8 е релативно нов авион за мали и средни растојанија – верзија на познатиот успешен модел на авиони 737 и кој во оваа верзија од 2016-та до почетокот на 2018-та се наоѓал во тест фаза пред сериското производство.

По изјавата на Боинг, Американската Федерална Агенција за Воздухопловство, издаде директива за пловидбеност за 737 Макс, која предвидува безбедносни протоколи за американските превозници. Наредбата за вонредни обврски бара од авиокомпаниите да ги следат инструкциите на Боинг ако се соочуваат со проблеми, кое „може да предизвика летачки екипаж да има тешкотии во контролата на авионот и да доведе до прекумерен агол на напад, значителна загуба на висина и можно влијание со теренот“.

Во Македонија според листата на авиокомпаниите кои оперираат во транспортот од скопскиот и охридскиот аеродром, вкупно 3 компании во својата летечка флота користат најнови авиони „737 Макс“ од овој тип, а уште 2 се во процес на нарачка.