Бериша: Македонците, Србите и Русите сакаат да го деалбанизираат Куманово

Поранешниот албански претседател и експремиер Сали Бериша за случајот „Диво Насеље“ ги обвини тајните служби на Македонија, на Србија и на Русија, барајќи казни за креаторите на сценариото за „деалбанизација на Куманово“.

„Кумановскиот случај, во кој Албанци се осудени на 750 години затвор, е исцениран од безбедносните служби од Скопје, од Белград и, секако, руските.

Целта на албанофобите не беше ништо друго освен засекогаш да ги раселат Албанците од албанскиот град Куманово. Бараме да бидат казнети албанофобите што го креираа ова трагично сценарио, кое ги чинеше животот толку многу луѓе и кое им донесе 750 години затвор на Албанците“, изјави почесниот граѓанин на Дебар пред зградата на Парламентот во Тирана.