Синот на Џорџ Сорос, Александар на Твитер објави фотографија од средбата со македонскиот премиер Зоран Заев.

„Одлично потрошено време со премиерот @Zoran_Zaev, разговаравме за неискористениот економски потенцијал на Северна  Македонија и за зајакнување на регионалната соработка во корист на сите северномакедонски граѓани“, напиша Александар Сорос на Твитер.

Пред средбата со Заев, малиот Сорос имал средба со Пендаровски, при што напиша:

Одлично е да се вратиме во # Скопје за прв пат по историскиот договор #Преспа помеѓу она што сега е Северна Македонија и Грција и да се сретнеме со новиот претседател @SPendarovski!“

Пред да дојде во Македонија, Сорос бил на средба во Албанија со Еди Рама. Албанскиот премиер, чија фотелја одамна е разнишана, важи за близок сораборник на Сорос.

View image on Twitter