36% не е мандат!

Неколку брзи мисли за референдумот

 

  • Иницијативата Бојкотирам спектакуларно успеа. Мнозинството Македонци рекоа „не“ за менувањето на името, идентитетот, достоинството на Македонија, Уставот, културата, традицијата и останаа дома. Народот победи. Само околу36 проценти од сите запишани гласачи гласаа, а од нив, околу 90 проценти беа за. Околу 600.000 лица гласаа за договорот, што, интересно, е 50.000 гласа помалку од тоа што СДСМ и албанските партии го освоија во 2016 година. Ова не е мандат за успех. Далеку од тоа. Дополнително, албанските партнери на Заев во Владата подвлекоа дека тие придонеле со 250.000 гласови, со што го засилуваат притисокот врз него да ги испорача нивните барања.
  • На 31 август годинава Зоран Заев рече: „Како премиер имам мандат до декември 2020 година, овој мандат може да заврши на 30 септември“.
  • Но, сега Заев се премисли и сака да го премести голот. Од почеток знаевме дека Заев ќе се обиде да го протурка договорот од Преспа низ Собранието без оглед на исходот на референдумот. Уште минатата недела тој велеше дека „тие што не гласаат не се бројат“. Јасно е дека Заев се смета за премиер само на тие што мислат како него.
  • Да го погледнеме сето ова од поширока перспектива – безмалку 1,1 милиони Македонци гласаа за ензависна Република Македонија во 1991 година, од вкупно околу 1,5 милиони гласачи, со одзив од 76 проценти. Е тоа е веќе мандат.
  • Иако не го покажува тоа јавно, меѓународната е бесна на Заев и на неговата Влада. Заев ги уверуваше дека договорот ќе добие широка поддршка. Тоа не се случи. Ќе се ослободат од него во првата згодна можност. Тоа е сигурно.
  • Премиерот и неговата Влада ќе се обидат да ги присилат пратениците од ВМРО-ДПМНЕ да гласаат за договорот. Меѓународната заедница (пред се претставниците на САД, ЕУ и НАТО) исто така ќе вршат притисок. Но, со толку ниска излезност на гласачите, пратениците на ВМРО-ДПМНЕ не гледаат народен мандат да го сторат тоа. Ако договорот пропадне во Собранието, а повеќето Македонци се надеваат дека тоа ќе се случи, тогаш премиерот ќе свика предвремени избори.
  • Се разбира се уште не знаеме во колкава мерка се вршеле неправилност и се полнене гласачките кутии при овој референдум, но знаеме дека тоа се случуваше. Исто така не знаеме на колку гласачки места ќе мора да има прегласување поради неправилности. Тоа нема да има некое поголемо влијание врз исходот на гласањето, но може да го одложи официјалното признавање на резултатите. Не дека Заев ќе чека на официјалните или неофицијалните извештаи.
  • На западните лидери кои ја преораа Македонија во текот на изминатиот месец би им било најпаметно да молчат, да се погледнат во огледало и да сфатат дека со нивните силеџиски тактики не успеа да заплашат еден народ кој само сака да се нарекува „македонски“ и својата земја да ја викаат „Република Македонија“, како што мнозинството од луѓето на планетата и онака ги викаат.
  • СДСМ на Заев и ДУИ на Ахмети водеа лоша кампања – им се обраќаа на луѓето кои и онака се на нивна страна, а не успеаа да го убедат мнозинството зошто ќе биде добро ако се смени името на државата, идентитетот, Уставот што се не друго. Треба да им се заблагодарат на своите политички советници, особено на странците кои ги ангажираа.
  • Државната изборна комисија заклучи дека еден од законските услови за успешен референдум (излезноста) не е постигнат и поради тоа референдумското прашање не е прифатено од страна на гласачите.
  • Не знаеме точно каква ќе биде грчката официјална реакција, и како ќе се одрази референдумот во Грција. Министерот за одбрана Панос Каменос, кој ги предводи Независните Грци и е помлад коалициски партнер во Владата на премиерот Алексис Ципрас рече дека договорот од Преспа сега е мртов. Минатиот месец тој рече дека ќе ја повлече Владата од коалицијата доколку дојде до гласање во грчкиот Парламент, што ќе предизвика предвремени избори.
  • Во своето обраќање пред Обединетите нации, претседателот Трамп рече: „Еве зошто Америка секогаш ќе одбере независност и соработка пред глобалното владеење, контролата и доминацијата. Го почитувам правото на секоја нација во оваа соба да ги следи своите сопствени обичаи, уверувања и традиции. Соединетите Држави нема да ви кажуваат како да живеете и да се молите на Господ. Ве повикуваме само за возврат да ја почитувате и нашата сувереност“ и „со Америка владеат Американците… Ја отфрламе идеологијата на глобализмот и ја прифаќаме доктрината на патриотизмот…“. Македонците можат само да се надеваат дека америакнскиот Стејт Департмент ќе почне да ја почитува волјата на Македонците да владеат самите со себе.
  • Последна забелешка: секогаш имате алтернатива. Но, ќе биде потребно знаење, мудрост и многу напорна работа. Најлесно ќе беше да гласате за договорот и да и дозволите на Грција да прави што сака со Македонија (а по неа и на Бугарија и на Албанија) но пак немаше да имате апсолутна гаранција дека Македонија било кога ќе стане членка на НАТО или на ЕУ. Потешкиот пат е да продолжите да преговарате додека градите силна, стабилна и просперитетна Македонија, да се движите кон чнество во НАТО и ЕУ. Тоа е можно, но потребно е лидерство. Не капитулирање.

Се уште има многу работа пред нас. Остани силна Македонија.

пишува: Џејсон Мико