14 ученици од Јахја Кемал донесоа 45 награди од меѓународниот натпревар OWLYPIA-The Intellectuals’ Challenge..

После одржаниот локалниот дел од меѓународниот натпревар OWLYPIA-The Intellectuals’ Challenge во просториите на ПСУ „Јахја Кемал“ , Во Fitzwilliam College of Cambridge, Кембриџ во Англија се одржа глобалниот дел од меѓународниот натпревар OWLYPIA-The Intellectuals’ Challenge..

Целта на натпреварот е да се стимулира интелектуалната љубопитност кај младите и да се подобрат нивните академски вештини. Темата на натпреварот годинава е „Креативност над границите“. Учениците избираат еден или повеќе теми од предметите на општествените науки, уметноста и музиката, литературата и културата, науката и технологијата, економијата и бизнисот и се подготвуваат за конкуренција со користење на ресурсите споменати од таа тема.

Во глобалниот дел од меѓународниот натпревар OWLYPIA-The Intellectuals’ Challenge.. учествуваа 11-14 и 15-18 возрасни категории ученици, од повеќе од 20 земји.

Како и минатата година, и оваа година 14 учесници од ПСУ „Јахја Кемал“  во менторството на Recai Genceli и годинава учествуваа на овој еминентен натпревар.

Учесниците од ПСУ „Јахја Кемал“ се вратија со вкупно 14 златни, 11 сребрени, 19 бронзени и 1 пофалница.